Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office – RYCO) го означи почетокот на новиот циклус на регионална програма за размена на средни училишта: Суперучилишта.
Оваа програма нуди забава, раст, вмрежување, размена и споделување – искуство што младите ќе го негуваат засекогаш. Заинтересираните можат да ја поднесат апликација пред 21 јуни.
Новиот проектен циклус ќе обедини 2600 млади луѓе, ќе поддржи билатералните партнерства на 90 суперучилишта и ќе вклучи 360 наставници во дизајнирање и спроведување на квалитативни младински размени
Суперучилишта е финансиран од ЕУ и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.