Започнува второто издание на Деновите на поезијата

Свеченото отворање на второто издание на Деновите на поезијата се одржа денеска пред главниот влез на Скопје Сити Мол и ќе трае до 21 мај.

Во рамките на манифестацијата која е во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол ќе бидат одбележани значајни јубилеи од историјата на македонската поезија, меѓу кои 215 години од раѓањето на Димитар Миладинов, 195 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.

По одбележувањето на јубилеите, Никола Ристановски и Игор Џамбазов, со придружба на Петар Ренџов, ќе изведат и ексклузивен поетски перформанс под наслов „Сенгор – Шопов: Паралели со допирни точки“.

Во наредните денови ќе се одржат дискусии, дебати и поетски перформанси, а новитет оваа година е „Отворената поетска сцена“, која им овозможува на посетителите сами да рецитираат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни