Од денес па се до 21 септември на големата сцена во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип, ќе се одржи единаесетото издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“.
Отворањето на фестивалот е од 19:00 часот со перформанс за најмалите со живи статуи пред платото на НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип, а влезот е слободен.
На 18 септември, со почеток во 18:00 часот, ќе биде прикажана еколошката претстава за деца „Пет и Еко“. Во вторник, на 19 септември, исто така во 18:00часот може да се погледне претставата „Црвенкапа” / НУЦК “Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово. На 20 септември од 20:00 часот „Ајварко, Кифи и мр. Хамбургер“ / НУЦК „Ацо Шопов” – Штип и на 21 септември од 18:00 часот „Во домот на Волшебникот“ / Театар Хит – Скопје.
Билетите за претставите ќе се продаваат по цена од 100 денари.