Започнува пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон

Денеска официјално започна пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година. Пријавувањето може да се изврши преку официјалната веб-страница на маратонот, на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk

Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија следната година повторно ќе ги обедини спортските ентузијасти, професионалци и рекреативци, со можност да учествуваатво четири тркимаратонполумаратонКомерцијална Банка 5KM, и Штафетен Маратон – ЕУ за Спорт.

Без разлика дали сте искусен маратонец или рекреативец кој сака да го направи својот прв чекор кон здравиот начин на живот, Wizz Air Скопски маратон нуди трка која е создадена за вас. Ова е можност да ги поместите своите граници, да ја почувствувате енергијата на публиката долж улиците на Скопје и да бидете дел од заедницата која го слави спортскиот дух.

За сите заинтересирани, регистрацијата е отворена, а првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Осигурете го вашето место и станете дел од ова уникатно спортско искуство! Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет – одличен сувенир, кој ќе ги потсетува натпреварувачите на нивното учество!

Покрај незаборавното искуство и гордоста од постигнатите резултати, сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од насловниот  спонзор на маратонот – Wizz Air. Ова е идеална можност за сите љубители на авантури да започнат нови патувања.

Маратоните не се само натпревари – тие се патување кое го менува животот. Тие се предизвик кој го обликува вашиот карактер, ја зголемува вашата дисциплина и ја зајакнува вашата посветеност. Учество во Wizz Air Скопски Маратон значи и приклучување кон глобалното семејство на тркачи кои ја слават издржливоста, силата и спортскиот дух.

Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од една од најголемите спортски манифестации во регионот. Регистрирајте се уште денес преку официјалната веб-страница и започнете го вашето патување кон успехот!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни