Започнува манифестацијата ,,Битола Отворен Град”

Манифестацијата Битола Отворен Град, започнува на 26 јуни со изложба на стрип дела од млади македонски стрип авторки кои се носители на новата генерација на стрип цртачки.

Дел од прикажаните стрипови се во соработка со Стрип центарот на Македонија од Велес, а дел се резултат на работилницата за стрип која пред неколку месеци беше одржана во МКЦ-Битола

,,Ве очекуваме во @uchilnicaspecialtycoffee во Битола да ја погледнеме и поддржеме креативноста на младите македонски стрип авторки и да му дадеме значење на стрипот како деветта уметност. 23 години – простор за спојување на сите бои на градот, 23 генерации – биле дел од креативните сили на еден фестивал, 23 пати – простор на кој се создавала бесконечна позитивна енергија, 23 издание на БОГ – Битола Отворен Град 26-29 јуни” порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни