Започнува 11. издание на „Скопје Синема Сити“ со култниот филм „Контрола“

Во среда, на 29 октомври, во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар ќе се одржи свеченото отворање на 11. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“, кој и оваа година ја спојува уметноста на филмот, музиката и визуелната култура.

Отворањето ќе биде одбележано со проекцијата на култниот филм „Контрола“ (Control, 2007) на режисерот Антон Корбајн, познат по својата уникатна визуелна естетика и инспиративни биографски приказни. Корбајн, кој е и лауреат на овогодинешното издание на фестивалот, ќе биде централна фигура на отворањето.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со филмска магија, уметност и инспирација, а публиката ќе има можност да го почувствува духот на фестивалот кој веќе повеќе од една деценија претставува значаен културен настан во македонската престолнина.

Билетите за свеченото отворање се достапни преку платформата MK Tickets.

Тимот на Скопје Синема Сити ги поканува сите љубители на филмот и музиката да бидат дел од оваа специјална вечер што ја слави креативноста и уметноста во сите нејзини форми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни