Започна втората Работилница за креативно пишување во Градската библиотека „Св. Климент Охридски“

Вчера официјално започна втората Работилница за креативно пишување во Градската библиотека „Св. Климент Охридски“ (ГБСК), под водство на познатиот писател Александар Русјаков. Преку интерактивен пристап, Русјаков ќе ги води средношколците и студентите низ основите на пишувањето во различни жанрови и видови.

Посебна радост е што голем дел од учесниците се млади кои веќе учествуваа во првата работилница, што покажува дека препознале во Библиотеката место за креација. Оваа година се придружија и нови имиња, за кои се верува дека ќе остават трага на македонската книжевна сцена.

Резултатот од првата работилница беше издавањето на „Антологија на иднината“, на која тимот на Библиотеката е особено горд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни