Започна театарската работилница за деца на „Битолино“

На детскиот театарски фестивал „Битолино“, вчера започна театарска работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски. Со ова продолжува традицијата на фестивалот, секоја година да има работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе се доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто.

Театарската работилница ќе трае пет дена и ќе биде мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата. Сето ова ќе биде презентирано пред публиката на последниот ден од Фестивалот.

Работилницата се одвиваат на сцените на НУ Центар за култура, НУ Народен театар Битола, под водство на Војо Цветановски, пантомимичар и основач на Здружението на граѓани за театарска и изведувачка уметност „Тим Театрос К Скопје“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни