Серијата, која првпат се прикажа во 2021 година, ги освои срцата на гледачите ширум светот. Многумина велат дека се „заљубиле во серијата по само пет минути од првата епизода“.
Главната улога ја толкува Омар Си, кој го игра Асан Диоп – лик инспириран од легендарниот измислен крадец Арсен Лупен. Неговиот лик тргнува во лична мисија на одмазда против богата фамилија која му нанела неправда на неговиот татко.
Серијата, создадена од Џорџ Кеј и Франсоа Узан, досега има три сезони и беше номинирана за Златен глобус и Еми во 2022 година.
Иако на Rotten Tomatoes има импресивни 98% позитивни критики, дел од публиката смета дека заплетот знае да биде претерен. Но, тоа не ги спречува фановите ентузијастички да пишуваат на социјалните мрежи:
„Лупен на Netflix – чиста десетка!“,
„Одлична серија, вниманието не паѓа до последната сцена“,
„Морате да ја гледате, тоа е баш мој тип на серија!“