Започна првиот натпреварувачки ден на ЕМОФ, настапи на македонските спортисти, поделени и првите медали

Програмата започна со дисциплините во пливање, стрелаштво и атлетика, а продолжува со натпревари во екипните спортови

Рано утрово започна првиот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ)

Програмата на натпреварување започна со дисциплините во пливање, стрелаштво и атлетика, а продолжува со натпревари во екипните спортови (кошарка, одбојка, ракомет)

Од македонските претставници во првиот дел од денот настапија пливачите Никола Велковски и Даниел Милошевски во дисциплината 400 метри слободно и го освиија 28то, односно 32то место.

Во стрелаштво во дисциплината 10 метри со воздушна пушка настапија Вања Арсиќ во машка и Теодора Христова во женска конкуренција освојувајќи ги 23тото односно 28мото место.

Денеска во Скопје и Куманово играат и македонските репрезентации во кошарка, ракомет и одбојка и во машка и во женска конкуренција.

Утрово се поделија и првите медали во одредени дисциплини во атлетика, стрелаштво и пливање а златни одличја освоија претставници на Турција, Естонија и Унгарија.

ЕМОФ 2025 трае до сабота, 26 јули, а преноси од сите натпревари се обезбедени преку следниот линк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни