Започна првиот фестивал „Еволуција на сонот“ во Општина Ѓорче Петров

Освен музичките настапи, фестивалот нуди и дополнителни содржини како уметнички инсталации и работилници, кои го прават искуството комплетно

Синоќа апочна првиот фестивал „Еволуција на сонот“, кој се одржува во паркот на Општина Ѓорче Петров. Фестивалот ќе трае до 13 септември, а влезот е слободен.

На маргините на Атлантикот и Медитеранот, во паркот во Ѓорче Петров се испреплетуваа неколку уметнички патишта. 

Започна со звуците од гитарата на Жоао Пирес и неговиот соло албум „Гуарида“, португалски музичар и композитор, кој не прошета низ звуците на португалското фадо со соноритети од Андалузија, Бразил и Кабо Верде. Со него како гостин настапи и нашиот гитарист Бојан Петков-Шамба.

По нив настапија Фиџу Кичора, проект роден помеѓу Лисабон и Кабо Верде. 

„Тоа не беше само музичка група: тоа беше огледало на дијаспората. Нивниот звук ги зароби спомените на оние што заминаа и никогаш не се вратија, мешајќи фунана, семба, кудуро и афро-хаус со теренски снимки и електронски пејзажи. Нивниот прв албум, „Ракоџа“ (2024), беше плач и прегратка во исто време: музика што зборуваше за корените и иднината“ – изјави Вангелица капорановиќ, гостинка од Перу со македонски корени што присуствуваше на настанот.

Од другата страна, во Полињано а Маре, Италија, растеше делото на Антонио Абатепаоло, уметник кој не беше задоволен само со еден јазик. Скулптор, дизајнер, фотограф, изведувач и диџеј. Заедно со уметничките видео перформанси на  Жозе Белантуоно и Жоао Рапозо создадоа искуства што ги спојуваат светлината, формите и звуците. Во нивните инсталации и сценографии, музиката беше опиплива.

„Така, од Бразил, Капо Верде и Лисабон до Пуља и Медитеранот, уметниците покажаа дека уметноста може да биде и мост и засолниште: место каде што коегзистираат сеќавањето и иновацијата, каде што звуците и сликите градат засолниште за сите оние што бараат идентитет и убавина.“

Атмосферата беше надополнета со уметничките дела на младите уметници Душан Цветков и Никола Тренов и нашиот постар уметник Слободан Живковски.

Фестивалот продолжува вечерва и утре со богата програма. Посетителите ќе може да уживаат во настапите на:

  • 12.09.2025 – Петок: Графити-перформанси и DJ сетови на Double G, Oky Doky,  Аце КН и други. Атмосферата ќе биде збогатена со 3х3 фудбал и други урбани активности.
  • 13.09.2025 – Сабота: Концерти на Џун и Пијан Славеј

Освен музичките настапи, фестивалот нуди и дополнителни содржини како уметнички инсталации и работилници, кои го прават искуството комплетно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни