Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за правда и со поддршка од Австриска агенција за развој (АДА), официјално го започнува регионалниот проект EQUALS, иницијатива насочена кон реформирање и унапредување на системот за бесплатна правна помош усогласен со стандардите на Европската Унија и меѓународното право за човекови права.
Проектот, со вкупен буџет од 2.500.000 евра, ќе се спроведува во периодот до 2028 година на територија на Северна Македонија и Албанија.
„Правдата не смее да биде привилегија, туку право што може да се оствари. Токму затоа, благодарение на овој проект, во партнерство и со поддршка на Програма за развој на Обединетите нации – УНДП и Австриска агенција за развој ќе продолжиме да инвестираме во поефикасен, потранспарентен и подостапен систем на бесплатна правна помош.
Во 2025 година, 5.071 лице – мажи и жени од различни етнички заедници добиле примарна правна помош, а од 339 поднесени барања за секундарна правна помош, 258 се одобрени – тоа се конкретни показатели дека системот е инклузивен и достапен и функционира. Со мрежа од 587 адвокати, 16 здруженија, 8 правни клиники и институционална покриеност низ целата држава , обезбедуваме вистински пристап до правда за ранливите категории граѓани. Бесплатната правна помош не е формалност, туку реална гаранција на еднаквост пред законот. Нашата цел е овој систем дополнително да го модернизираме и дигитализираме, за правдата да биде уште подостапна и поефикасна.“ – изјави Заменикот министер за правда, Ален Деребан.
Проектните активности ќе имаат за цел да обезбеди поквалитетен и поефикасен систем на бесплатна правна помош, со посебен фокус на жените и заедниците во неповолна положба. ЕQUALS ќе придонесе за подобар пристап до правда за: жртви на семејно и родово базирано насилство, жени и девојчиња во ранливи ситуации, етнички малцинства, вклучително Роми и Египќани. Интервенциите ќе бидат реализирана од Министерството за правда и неговите
Во период од три години, проектот ќе обезбеди поддршка за најмалку 3.000 корисници во 8 региони во државата, ќе работи на зајакнување на капацитети кај 150 професионалци и ќе додели 15 грантови на граѓански организации кои обезбедуваат бесплатна правна помош.
„УНДП останува посветена на поддршката на Владата во градењето на правосуден систем кој е инклузивен, достапен и насочен кон граѓаните. Во партнерство со Министерството за правда и клучните чинители, УНДП посветено ќе работи на подобрување на достапноста, ефикасноста и квалитетот на бесплатната правна помош, особено за ранливите групи.“ – потенцираше Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП во државата.
Посебен фокус ќе има во општините Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола, Делчево и Свети Николе, каде што веќе функционираат овластени даватели на бесплатна правна помош. Дополнително, проектот ќе иницира активности и во една општина каде што вакви услуги сè уште не се воспоставени.
„Иако регионот на Западен Балкан бележи значителен напредок, пристапот до правда и понатаму останува нерамномерен за жените и ранливите групи. Преку проектот EQUALS, Австриската агенција за развој со гордост соработува со УНДП и Министерствата за правда во Албанија и Северна Македонија за да обезбеди законските права да бидат спроведливи за сите, без оглед на нивниот статус. Оваа иницијатива ја одразува посветеноста на Австрија кон владеењето на правото и родовата еднаквост. Додека двете земји напредуваат кон пристапување во ЕУ, кредибилните реформи и регионалната соработка се клучни за градење европска иднина во која пристапкот кон правда е навистина е еднаков.“- истакна Давид Мукенхуберт, Раководител на регионалната канцеларија за техничка соработка во Амбасада на Австрија.
20.02.2026 година, Охрид