На двегодишнината од почетокот на најновата фаза од израелско‑палестинскиот конфликт, кој се смета за еден од најдолгите модерни војни, денес започна нов политички процес со цел да се постигне траен мир и конечно воспоставување независна Палестина.
Иако многу земји ја признале палестинската држава, Палестинците претрпеа големи жртви во конфликтот со Хамас и Израел – досега загинаа повеќе од 62.800 лица, тие беа протерани речиси од целиот Појас Газа, стеснети на Западниот брег, а огромен број се иселени во соседни држави.
Разорните израелски бомбардирања, кои речиси го уништија Појасот Газа, предизвикаа антиизраелски протести низ светот. Покрај тоа, антисемитизмот е на раст како ретко кога во историјата.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, пред отпочнувањето на преговорите во Шарм ел Шеик, порача дека „вистински мир на Блискиот исток нема да се постигне додека не се воспостави независна палестинска држава според меѓународното право и додека правата на нејзините легитимни сопственици не се вратат“.
Сепак, во реалноста, ретко што оди во прилог на овој амбициозен план, и покрај неодамнешниот бран признавања на палестинската државност на Генералното собрание на Обединетите нации, што само го потврди колку одлуките на хартија можат да се разликуваат од стварноста.
Со прекин на огнот и враќање на заложниците е долгогодишен дел од преговорите. На 7 октомври 2023, Хамас убил околу 1.200 лица, претежно цивили, и киднаповал повеќе од 250 Израелци. Од нив, 140 беа вратени живи, а околу 40 остануваат во рацете на Хамас, од кои половина се живи.
Мировниот план на околу дваесетина страници, кој треба да биде предмет на преговорите меѓу израелската делегација на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху и претставниците на Хамас, со Египет како посредник, сугерира воспоставување меѓународна преодна управа (GITA – International Transitional Authority for Gaza). Во овој план, поранешниот британски премиер Тони Блер би ја предводел оваа управа.
Планот предвидува управата да трае три до пет години, по што власта би се префрлила на „реформска палестинска власт“, чиј состав засега не е јасен, пренесува Ал Џезира.
Документот нуди формирање меѓународен управен одбор од седум до десет членови — бизнисмени, дипломати и економски експерти, со полни овластувања во области како политика, безбедност и економија. Првичните седишта би биле во Ариш, во египетскиот Северен Синај, или во Доха, Катар.
Медиумите истакнуваат дека управата би била под контрола на меѓународните актери, додека улогата на Палестинците би била претежно симболична. Планот предвидува и именување „неутрални“ палестински управници за водење јавни сектори под надзор на меѓународниот одбор, како и формирање локално советодавно тело без извршни овластувања.
Во безбедносна сфера, документот предлага распоредување мултинационални сили под капа на ООН или САД, забрана за сите палестински оружени групи во текот на преодниот период, и меѓународен надзор на реструктурирањето на палестинските безбедносни сили.
Планот исто така предвидува формирање Фонд за обнова и инвестиции во Газа кој ќе се финансира од земјите на Заливот, западни инвестиции и меѓународни кредити. Моделот на профит би бил таков што компаниите ќе ги делат приходите од проектите за обнова.
Состав на новиот тим
Освен Тони Блер, како членови на преодната управа се споменуваат: Поранешната холандска потпретседателка Сигрид Каг – за хуманитарни прашања, американецот Марк Роун – претседател на Фондот за обнова, египќанецот Нагб Савирис – за регионални инвестиции, израелско‑американски претставник Ари Лајстон – задолжен за Абрахамовите договори и палестински претставник, чиј идентитет не е откриен, но кој практично нема извршни овластувања
Реакција на Хамас
Хамас ја нарече денешната двогодишнина „славен ден на успех за палестинскиот народ“ и ги презентираше своите главни барања во тековните преговори – траен и севкупен прекин на огнот, целосно повлекување на израeлските сили од целата Газа, неограничено навлегување хуманитарна помош, враќање на раселените лица во нивните домови, почеток на обнова под надзор на палестинско национално тело и праведна размена на заробеници