Започна Недела на циркуларна економија 2025 во Западен Балкан: ЦИВИЛ со иницијатива под наслов „Дај петка за подобра иднина!“

Зелен ЦИВИЛ ќе одржи регионална онлајн конференција „Дај петка за подобра иднина!“ (Give me five for a Better Future) во четврток, 29 мај, со почеток во 12 часот

Неделата на циркуларна економија 2025 официјално започнува денеска, 26 мај, и трае до 1 јуни, во сите земји на Западен Балкан. Иницијативата обединува низа активности и настани организирани од партнерите на ЛогЕкс (LogEx) низ целиот регион. Овогодинешната тема е „Од локални решенија до регионално влијание“ (From local fixes to regional impact).

Зелен ЦИВИЛ (Green CIVIL) – организациската единица на ЦИВИЛ – Центар за слобода – ја стартува Неделата на циркуларна економија со медиумски прилози со едукативни текстови и примери за бизнис модели базирани на петте основни принципи на циркуларната економија: Преиспитај, Отфрли, Намали, Повторна употреба и Рециклирај (Rethink, Refuse, Reduce, Reuse, and Recyclе).

Зелен ЦИВИЛ ќе одржи регионална онлајн конференција „Дај петка за подобра иднина!“ (Give me five for a Better Future) во четврток, 29 мај, со почеток во 12 часот, на која ќе учествуваат претставници експерти и граѓански активисти од регионот.  Конференцијата ќе се емитува во живо на YouTube и Фејсбук профилите на ЦИВИЛ.

Под слоганот „Дај петка!“ aктивностите на Зелен ЦИВИЛ се фокусираат на јакнење на јавната свест, но и на иницијативи за политички дијалог и видливост на практиките за циркуларна економија.

ЦИВИЛ во „Неделата на циркуларна економија“ ќе учествува и со богата медиумска продукција со вклучување на засегнатите страни и презентација на најдобри практики за промовирање на циркуларната економија, со учество на носители на одлуки, експерти, практичари и граѓанското општество.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни