Kарневалот во Рио де Жанеиро започна во петок попладне, а денес е прв ден на предфестивалски забави, додека карневалската атмосфера се засилува со бучните улични забави и живописни паради. Една од популарните улички забави, наречена „Пријатели на јагуарот“, започна во раните утрински часови на плажа со поглед на Рио де Жанеиро и ридот познат како Глава на шеќер, со повеќе илјади учесници во облека која имитира јагуарово крзно, пренесува АП.
„Ова е прекрасно. Најдобрата улична забава. Енергијата, луѓето, музиката… Ја обожавам оваа забава“, изјавил еден од учесниците. Во забавата учествува дувачки оркестар кој го следи камион со силно озвучување.
Градоначалникот на Рио де Жанеиро му го предал во петок клучот на градот на кралот на карневалот, симболично отворајќи петдневното владеење на Кралот Моме.
Моме е симбол на социјален пресврт за време на карневалот, а неговата улога е инспирирана од грчката митологија, бидејќи ја персонфикува сатирот, шумскиот демон кој свири фрула и го следи Дионис, старогрчкиот бог на плодноста, вегетацијата, животот, виното и уживањето.