Започна големиот штрајк на аеродромите во Германија: Над 3.400 летови ќе бидат откажани

На некои аеродроми се најавени и синдикални демонстрации. Претпоставувањата се дека само денес ќе бидат откажани повеќе од 3.400 летови, а околу пола милион патници ќе бидат блокирани.

Денес, еден од најдобриот совети е да избегнувате летање во Германија или од оваа земја. Причината се најавените штрајкови на аеродромите. Во Хамбург штрајкот започна вчера, а денес се очекува да се приклучат и другите аеродроми.

Синдикатот на вработените во услужни дејности „ver.di“ најавил штрајк за понеделник, 10-ти март, но како што јавуваат медиумите, неочекувано, веќе вчера наутро аеродромот во Хамбург го прекина работењето и повеќе од 140 летови беа откажани.


Некои патници веќе се пријавиле за лет и го предале својот багаж, но сега имаат големи проблеми да го добијат назад. Во штрајк се и вработените кои го пренесуваат багажот од лента до авионот.

Штрајк за понеделник е најавен на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн, Дортмунд, Хановер, Бремен, Берлин, Лајпциг…

Транзитот преку германските аеродроми ќе биде практично невозможна мисија, а со оглед на тоа што ќе штрајкуваат и вработените на безбедносните прегледи, патниците нема да можат воопшто да влезат во авионите.

На некои аеродроми се најавени и синдикални демонстрации. Претпоставките се дека само денес ќе бидат откажани повеќе од 3.400 летови, а околу пола милион патници ќе бидат блокирани.

„Присилени сме да започнеме со штрајк предупредување бидејќи работодавецот во тековните преговори за вработените во јавниот сектор досега не понудил никаков предлог“, изјави Кристин Бехле од синдикатот вер.ди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни