(Видео) Запалени стрништа низ Пелагонија, црн и густ чад се движи кон Прилеп, никој не презема ништо

На терен не се забележани ниту противпожарни возила, ниту пак други служби со било каква интервенција, а стрништата и натаму се во пламен

Во текот на целиот ден низ Пелагонија (прилепско поле) горат стрништа од кои се шири густ црн чад.

Возачи кои сoобраќаат на релција Битола – Прилеп ни испратија видео материјал од кој се гледа како активно горат повеќе стрништа низ Пелагонија, а ветрот го носи чадот директно кон Прилеп.


На терен не се забележани ниту противпожарни возила, ниту пак други служби со било каква интервенција, а стрништата и натаму се во пламен.

Запалените стрништа се директен причинител на енормното загадување на воздухот, а Македонија е на врвот на листата на европски земји со смртни случаи предивикани од загаден воздух.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни