Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, вчера во 18 часот започна голем граѓански протест.
По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на СНС и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и боја.
Млади мажи со качулки и маски со палки и камења ги искршиле просториите на Српската напредна странка и градското собрание во Нови Сад, а во еден момент со факел ги запалиле просториите на приземјето. На обидите за упад, полицијата одговорила со солзавец.
За време на нередите нападнат е и N1 тимот, при што е оштетена една камера.
Кон крајот на протестот, репортерот на N1 беше сведок на апсењето на некои млади момчиња во близина на Српскиот народен театар, по што во обид да го спречи беше приведен и поранешниот потпретседател на Владата на Војводина, Горан Јешиќ.
Подоцна вечерта беа приведени градскиот советник од коалицијата „Браво“ Миран Погачар, како и активистот на групата „Свиќе“ Иван Бјелиќ.
Протестот и формално заврши и народот кој остана на плоштадот почна да се повлекува.
Организаторите се оградија од се што се случуваше пред Градското собрание и пред просториите на СНС, велејќи дека има револтирани граѓани, но и дека има уфрлени елементи.
Побараа сите кои директно и индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември да поднесат оставки, но и кривично да одговараат.