Запалена жена во метрото во Њујорк

Едно лице беше приведено во неделата по смртта на жена која беше запалена во возот на метрото во Њујорк, соопштија властите.

Според полицискиот комесар на Њујорк, Џесика Тиш, осомничениот и жртвата се возеле во воз Ф кој се упатил кон станицата Кони Ајленд-Стилвел Авенија во Бруклин околу 7:30 часот по локално време. Кога возот пристигна на станицата, осомничениот и пришол на жената и намерно ја запалил а потоа побегнал, рече Тиш.

Осомничениот, Себастијан Запета-Калил, бил приведен само неколку часа по нападот додека се возел во друг воз Ф, според началникот, Џозеф Гулота.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни