Заокружи 5.12 – датум за посмешно Скопје со Џим Џефрис

Набргу по премиерата на својот последен Нетфликс-специјал, светскиот лидер на смеењето – Џим Џефрис – ја избира токму нашата престолнина за своја дестинација. На 5 декември, во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе ја почувствуваме промената што сите ја очекувавме: повеќе насмевки, повеќе радост и повеќе хумор!

Со својата платформа „Son of a Carpenter“ („Син на еден Столар“) која е дел од победничката 40-дневна европска турнеја, Џефрис нуди визија за ново Скопје – Скопје што не се плаши да се смее!

Неговиот политички капитал е јасен: повеќе од 20 години искуство, преполни стадиони и сали како Madison Square Garden, Carnegie Hall и O2 Arena во Лондон. Народот на светот веќе му дал поддршка – прогласен е за стенд-ап комичар на годината на фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал. Сега е време и ние да дадеме свој глас!

На 5.12, Скопје избира. Џим Џефрис нуди програма целосно на англиски, со ветување за незаборавно целовечерно шоу кое ќе ја заокружи нашата одлука за посмешна иднина.

Билетите – или, ако сакате, гласачките ливчиња за смеење – веќе се достапни на drugastrana.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни