Занимливи факти: За еден просечен живот срцето пумпа околу 163 милиони литри крв

Сите знаеме дека без срце не може да се живее. Заедно со мозокот, тоа е најважниот орган во човечкото тело и треба да се грижиме внимателно за него. Малкумина сепак се запознаени со деталите што претставува тоа, како функционира и како да го чуваме.

Еве 10 интересни факти за срцето, кои може да ве изненадат:

1. Срцето не е поголемо од тупаница и не тежи повеќе од лименка газиран пијалок.

2. Срцето чука околу 100 000 пати на ден, што значи дека во просек тоа чука околу 2,5 милијарди пати за целиот живот (при средна должина на живот околу 70 години).

3. Ако тешко добивате ерекција, веројатно имате проблеми со срцето. Направете си ги потребните истражувања.

4. Сексот може да го спаси срцето! Мажите кои имаат секс најмалку двапати неделно се помалку загрозени од кардиоваскуларни болести.

5. Смеењето е корисно за срцето. Тоа ги балансира вашите хормони на стресот, го намалува воспалението во артериите и го зголемува HDL или т.н. “добар холестерол”. Овие ефекти продолжуваат најмалку 24 часа.

6. Алкохолот го прави срцето “среќно”.Особено црвеното вино! Тоа содржи антиоксиданси и соединение наречено ресвератрол. Значи пиењето во умерени количини (до две пијачки на ден и не повеќе од 14 недели) може да го заштити срцето од оштетување на артериите.

7. Срцето не се наоѓа лево, како што мислите. Всушност тоа е позиционирано во центарот на градите точно под градната коска. Едноставно е навалено малку лево, тврди кардиологот од Сан Диего д-р Амит Шрикер.

8. За еден просечен живот срцето пумпа околу 163 милиони литри крв.

9. Тагата може да доведе до срцеви проблеми. Ако како дете сте имале трауматски искуства, подоцна во животот тие може да се претворат во срцеви проблеми, поради зголеменото количество на хормонот на стресот кортизол, кој му штети на срцето и веќе е собран во телото.

10. Срцето навистина може да биде скршено. Секој ненадеем емоционален настан може да го провоцира “синдромот на скршеното срце” нарекуван уште со терминот стрес-индуцирана кардиомиопатија. Хормоните на стресот, вклучувајќи го и адреналинот може да предизвикаат привремено зголемување на дел од срцето кое го отежнува испумпувањето крв. Тоа е различно од срцевиот удар, бидејќи не вклучува затнати артерии, но во ретки случаи може да биде фатално.

Извор: vecernji.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни