Самостојна изложба на Доротеј Нешовски ,,Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото” во МКЦ

На 14 август со почеток вп 20:00 часот во Младински културен центар ќе биде отворена самостојната изложба на Доротеј Нешовски ,,Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото.”

Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви кои ја имаат главната улога и во оваа поставка. Во уметничката практиката на Доротеј тие се искористени не во нивната очигледна функција, туку како приказ на комплексни формални и метафорички структури – носители на неизвесни значења.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни