Заменик началникот на српската ВМА: Пациентите од Кочани се во тешка состојба

Заменик началникот на Воено-медицинската академија во Србија Иван Лековиќ изјави дека шест пациенти повредени во пожарот во Кочани се пренесени во таа здравствена установа, а еден е лекуван во Воената болница во Ниш и нагласи дека сите се во тешка состојба, пренесуваат српските медиуми.

Тој изјави дека повредените биле превезувани со три возила на брза помош и транспортен авион на Војската на Србија и дека сите се млади, родени меѓу 1998 и 2007 година.

„Сите пациенти се на одделението за интензивна нега и нивната состојба е тешка и сериозна. Ги преземаме сите мерки за интензивна нега и ги искористивме сите ресурси што ни стојат на располагање за да им помогнеме“, рече заменик началникот на ВМА.


Лековиќ посочува дека покрај изгорениците што ги имаат сите, пациентите имаат и симптоми на труење од гасови од пожарот, како и оштетување на дишните органи и белите дробови поради вдишување топол воздух.

Според него, лекувањето на овие повреди е долгорочно, бара бројни операции и вклучување на бројни специјалисти – пулмолози, кардиолози, невролози и пластични хирурзи.

Лековиќ исто така кажа дека од болницата бил испратен шестчлен тим во Македонија – двајца пластични хирурзи, анестезиолог, анестезиолог и двајца медицински техничари – инструментари.

„Тие останаа во Скопје и им помагаат на колегите од Македонија во хируршкото лекување на пациентите. Ќе бидат таму онолку колку што е потребно“, нагласи Лековиќ.

Српски воено-транспортен авион од Скопје ќе превземе 12 нови пациенти, а по тријажа и проценка на нивната состојба, тие ќе бидат распоредени во ВМА и Клинички центар на Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни