„Замени и засади“ еко настан на Школка во Градски Парк

Дрвјата не се само симбол на животот, тие се основата на здрава животна средина. Секое засадено дрво претставува чекор кон подобар воздух, похумано опкружување и постабилна клима

е-Трн да боцка во твојот инбокс

На 14 септември, од 11:00 до 14:00 часот на Школка во Градски Парк – Скопје, ќе се одржи настанот „Замени и засади“ во Школка.

Дрвјата не се само симбол на животот, тие се основата на здрава животна средина. Секое засадено дрво претставува чекор кон подобар воздух, похумано опкружување и постабилна клима.

,,Настанот „Замени и засади“ e можност заеднички да дадеме придонес за почиста и поздрава околина. Заедно ќе учествуваме во активности кои ја промовираат еко-свесноста. Ве охрабруваме да бидете дел од оваа иницијатива. Природата ни дала многу – време е да ѝ вратиме. Секое дрво е важен дел од мозаикот на животот, затоа дојдете и придонесете кон изградбата на зелената иднина”, велат организаторите.

Најново

Последни колумни