Закажано вонредно обраќање на премиерот на Србија: Вучeвиќ поднесува оставка

Вчера на граѓаните им се обратија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Србија, Милош Вучиќ, и претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, по повод студентските барања и нивното исполнување


Претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе одржи вонредна прес-конференција денес, 28. јануари 2025 година. Според информациите на српските медиуми тој ќе поденсе оставка.

Да потсетиме, вчера на граѓаните им се обратија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, и претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, по повод студентските барања и нивното исполнување.

Вучиќ синоќа изјави дека сите четири барања на студентите во блокада се исполнети, наведувајќи детално што е сè исполнето, а премиерот Милош Вучиќ ги повика сите декани, ректори, универзитетски професори и претставници на студентите на разговор, за да разговараат за сите теми кои се важни за целата заедница и за нив самите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни