На конференција за медиумите, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, се осврна на, како што вели, заканите и притисоците со кои се соочуваат синдикалците и работниците пред најавениот протест.
Трендафилов ги повика работниците да не се плашат и порача дека никому ништо не должат, освен на самите себе и на своите семејства. „Должиме достоинствен живот на нашите семејства“, истакна тој, нагласувајќи дека правото на протест е уставно загарантирано право.
Протестот е најавен како реакција на ниските плати и влошената социјална положба на работниците, а од ССМ посочуваат дека притисоците нема да ја спречат синдикалната борба.
