С. Д. | денес 11:23
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на утринскиот брифинг за медиумите изјави дека преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за попладне – и тоа на иницијатива на турската страна, јавува РИА Новости.
„На иницијатива на турската страна, преговорите се одложени за попладне“, рече Захарова.
Според портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, Русија останува посветена на „сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мировно решение“. Тој изјави дека целите на предложените преговори со Украина се да се отстранат основните причини за конфликтот и да се обезбедат руските интереси.
Информиран извор претходно за РИА Новости изјави дека преговорите меѓу руската и украинската делегација ќе се одржат на истото место како и во 2022 година – во работната канцеларија на Претседателската администрација на Реџеп Таип Ердоган, во центарот на Истанбул.