На ски-центарот Јахорина денеска повторно се случи драматична ситуација кога едно дете висеше од жичара, покажуваат снимки објавени на социјалните мрежи.
Според наводите на порталот „Дринаинфо“, детето било спуштено на земја благодарение на брзата реакција на присутните. На видеото се гледа како две лица го држат детето додека другите трчаат да помогнат за безбедно да стигне до земја.
Засега нема официјална информација дали детето е повредено.
Инцидентот доаѓа само неколку дена по друг случај на Јахорина, кога, според истиот извор, дете паднало од жичара и било пренесено во болница со повреди на ногата.