Загрижувачки пораст на психози кај лицата родени околу 2000 година

Истражување на ICES открива значителен пораст на психотични нарушувања кај младите родени околу 2000 година, со најголем раст кај тинејџерите. Научниците повикуваат на дополнителни анализи за причините.

Лицата родени неколку години пред и по 2000 година се поподложни на состојби како што е шизофренија во споредба со оние кои пораснале во претходните генерации, покажуваат наодите објавени од ICES, пренесува Hina.

Загрижувачки пораст на дијагнози

Анализирајќи здравствени податоци за околу 12,2 милиони лица родени во Онтарио помеѓу 1960 и 2009 година, истражувачите утврдиле пораст на регистрирани психотични нарушувања кај помладите генерации.

Меѓу 1997 и 2023 година, годишната зачестеност на психотични нарушувања пораснала за 60 проценти кај лица на возраст од 14 до 20 години.

Според проценките, лицата родени меѓу почетокот на новиот милениум и 2004 година имаат 70 проценти повисока стапка на нови дијагнози на психотични нарушувања во споредба со оние родени меѓу 1975 и 1979 година.

Оние родени помеѓу 1990 и 1994 година имале 37,5 проценти поголема веројатност да добијат ваква дијагноза во однос на генерацијата родена кон крајот на седумдесеттите години.

Потребни се дополнителни истражувања

Истражувачкиот тим открил дека лицата со дијагностицирана психоза почесто се мажи и почесто живеат во населби со пониски приходи.

Научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се испитаат можните фактори што придонесуваат за овој пораст, иако дел од резултатите може да се должат и на подобар пристап до дијагностика и лекување во последните години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни