Загрижени сме што Вучиќ ги потпиша законите за судството, порача Кос

„Она што го доживуваме сега, особено по најновите промени, е јасен чекор назад. И тоа не ми се допаѓа“ порача Кос

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за Н1 порача дека неодамнешните измени на законите за судство претставуваат чекор назад и дека довербата на ЕУ во Србија е нарушена и дека очекуваат нивното спроведување да биде суспендирано.

Коментирајќи го фактот дека претседателот Александар Вучиќ ги потпишал, таа истакнува дека „може само да претпостави која е причината“ и дека таа и нејзиниот тим направиле проценка „која не е добра“.

„Она што го доживуваме сега, особено по најновите промени, е јасен чекор назад. И тоа не ми се допаѓа. Бидејќи тоа е чекор назад што ја загрозува независноста на судството и обвинителството, а тоа е во самото срце на процесот на пристапување. Тоа е во срцето на владеењето на правото. И знаете колку е важно владеењето на правото во процесот на пристапување.

Очекувам српската влада да го суспендира спроведувањето на овие закони. Потоа се надевам дека Венецијанската комисија, до која владата, или поточно парламентот, се обрати за мислење, ќе издаде препораки што е можно поскоро. А потоа, секако, очекувам преглед на овие закони на инклузивен начин. Ова значи вклучување на сите релевантни засегнати страни и, секако, консултација со Европската комисија и Венецијанската комисија, бидејќи Србија е должна да го стори тоа како кандидат. Се надевам дека ова ќе се направи, бидејќи ако не, ќе мора да разговараме поинаку“ рече Кос.

Таа се осврна и на напредокот на регионот додавајќи дека токму законите за праводсудтвото можат да ја оддалечат земјата од интеграцијата во ЕУ.

„Геополитиката многу се промени. Додека Албанија и Црна Гора напредуваат брзо, гледаме како Србија назадува. Со тоа Србија се става во опасност. Можеби мал, во однос на одложувањата, но ако законите не се променат, тоа би можело да биде сериозен застој на многу повисоко ниво. Прашањето е дали српската влада е подготвена за такви промени“ истакна Марта Кос

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни