Хрватска денес е погодена од силен бран на невреме, кое донесе екстремни временски услови во повеќе региони, вклучувајќи снег, силен ветер и прекини во сообраќајот.
Во Загреб е издаден црвен метео аларм поради силен ветер кој соборува дрвја и предизвикува материјална штета. Во Лика и Горски Котар паѓа снег, а оркански удари предизвикуваат прекини во сообраќајот. Кај Бјеловар воз излета од шините откако на пругата паднало дрво. Има повредени лица во неколку инциденти. Во исто време морето и ветровите предизвикуваат проблеми и на јадранското крајбрежјето.
Состојба во сообраќајот
Според хрватските служби за безбедност во сообраќајот, поради снег и ветер патиштата се лизгави и тешко проодни, има забрани за камиони и тешки возила,а на некои делници сообраќајот е целосно прекинат. Службите за зимско одржување се постојано на терен
Овој бран на невреме покажува колку екстремните временски услови стануваат сè почести и поинтензивни во регионот. Комбинацијата од силен ветер, снег и дожд создава висок ризик за транспортната инфраструктура, особено железницата и патниот сообраќај.
Загреб и околните региони остануваат под висок ризик, а метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во следните часови, со можност за нови штети и прекини во сообраќајот.