Загинатите во пожарот се на возраст од 14 до 25 години

Директорката на Кочанската болница кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница.Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 51 лице, 152 се в болница, од кои 18 се во критична состојба. Загинатите се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска.

На Клиниката за Детска хирургија се хоспиатлизирани 4 пациенти кои се во тешка состојба и на апарати за дишење.


Двајца од нив имаат 15 години.

Директорката на Кочанската болница кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница.Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид.

Според првичните информации, како што кажа соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.

Пожарот избувнал на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни