Влијанието на Римската империја се простирало на копното, морето, па дури и небото за време на златното доба на империјата. Во тоа време, воздухот бил толку загаден што истражувачите се сомневаат дека ова загадување предизвикало, во тоа време, сериозна невролошка штета на населението во поголемиот дел од Европа.
Врз основа на записите за леденото јадро од Арктикот, нивоата на токсично олово во атмосферата се зголемиле помеѓу 100 година п.н.е. и 200 година од нашата ера кога Римската империја започнала да ископува и топи метали во голем обем.
Дете родено во Римската империја во тоа време би имало околу три пати повеќе олово во крвта отколку дете во САД денес, проценуваат истражувачите.
Користејќи ги современите докази за загадувањето со олово и неговите здравствени ефекти, меѓународен тим пресметал дека изложеноста на олово за време на римското златно доба можеби предизвикала пад на коефициентот на интелигенција кај целата популација Галија, северозападна Африка, Иберија и Британија.
„Падот на коефициентот на интелигенција од 2 до 3 проценти не звучи многу, но кога ќе го примените тоа за целото европско население, тоа е опасно“, вели Нејтан Челман, хидролог за климатски катастрофи во Институтот за истражување на пустината во САД.
Оловните цевки и оловните садови во римско време содржеле отровни честички, а од нив се пиело вино и се јадело храна.
„Европејците, нивниот добиток и земјоделските полиња со векови беа изложени на заднинско атмосферско загадување со олово, како резултат на екстензивното ископување и преработка на олово/сребрени руди кои беа основата на грчката и римската економија“, вели меѓународен тим на истражувачи, вклучувајќи климатолози и епидемиолози од институции во Данска, Велика Британија, САД, Канада, Австрија и Швајцарија.
Ниту една количина на олово во крвта или телото не е безбедна, но колку е поголема концентрацијата, толку се поголеми последиците.
Епидемиолозите предупредуваат дека нивото на олово во крвта во одредена концентрација предизвикува намалување на интелигенцијата и пречки во учењето подоцна во животот, што се мери со соодветни тестови.
Загадувањето со олово е наречено „најдолготрајна епидемија“ во САД.
Во последните четириесет години, изложеноста на олово е намалена. Употребата на оловен бензин е ограничена, а во некои држави нивото на олово во крвта на децата е намалено.
„Ова е прва студија која го разгледува овој тип на загадување и импликациите по здравјето на луѓето“, рече Џо Меконел, хидролог и главен автор на студијата.