Сексот во вода звучи навистина возбудливо. Кога сте во базен или езеро, вие сте речиси голи, па зошто да не го направите тоа? Пред да се одлучите на ваков чекор, мора да бидете свесни за негативните страни на сексот во вода.
Најголем мит, а воедно и глупост е тоа дека во вода не можете да забремените. Доколку зборуваме за секс во када, треба да знаете дека жешката вода може сериозно да влијае врз издржливоста и квалитетот на кондомот.
Исто така, без разлика дали станува збор за секс во када, езеро или базен, веројатноста за кондомот да се излизга и падне е голема, особено поради средствата кои се користат како лубриканти.
Ќе помислите дека сексот во вода допринесува за поголема влажност. Лага! Водата ги мие природните течности од вагината, па сексот во вода може да биде болен и непријатен како за жените, така и за мажите.
Доколку сепак се одлучите на секс во вода, најдобро би било да користите силиконски лубриканти, бидејќи се водоотпорни.
Извор: kurir.rs