Иако досега се регистрирани само поблаги симптоми предизвикани од оваа алга кај пливачи и сурфери – како иритација на дишните патишта и грипозни реакции – надлежните институции решија да го забранат капењето и водените спортови на оваа локација сè до дополнително известување.
Научниците продолжуваат со истражувачкиот проект започнат во 2024 година, кој треба да доведе до создавање на прецизни протоколи за предупредување и регулатива на оваа појава.
Засега не постои официјално утврден праг на дозволена концентрација на оваа алга – но превенцијата останува клучна.