Албанскиот премиер, Еди Рама, најави дека TikTok ќе биде блокиран од новата година, обвинувајќи ја платформата за зголемени инциденти на насилство и малтретирање, особено меѓу младите.
Оваа одлука на албанската влада, со која TikTok ќе биде забранет за една година, предизвика гнев кај многу корисници на платформата во земјата.
„Моите врсници и јас не се согласуваме со оваа одлука, бидејќи TikTok не е причината за кавгите и поделбите меѓу нас. TikTok е нешто преку кое го изразуваме нашиот секојдневен живот и се забавуваме, го користиме во слободното време. Не се согласувам што ќе бидеме лишени од ова“, изјави 18-годишниот корисник Самуел Сулмани.
Дали забраната на TikTok навистина ќе го реши проблемот или ќе ги отуѓи младите уште повеќе?