Поради интензивни врнежи од снег, од 06:50 часот утрово воведена е забрана за сообраќај на товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Во меѓувреме, сообраќајот на делницата меѓу селата Живалево и Туралево е нормализиран од 06:45 часот.