Заборавете на варено вино, ова е топлиот напиток кој ќе биде зимска сензација, а лесно се подготвува дома 

Заборавете на варено вино, ова е топлиот напиток кој ќе биде зимска сензација, а лесно се подготвува дома 

Иако одамна е синоним за летни коктели, последниве години овој ликер од портокал си го најде своето место и во зимската сезона, па наместо пенч или варено вино, сите го сакаат – топлиот Аперол. 

Овој напиток минатата година беше еден од главните изненадувања во големите европски метрополи, особено во деновите пред Божиќ, а овој тренд најверојатно ќе продолжи и оваа зима.  Наместо со варено вино, да се загреваме со топол Аперол на разни настани во зимскиот период.

Овој италијански аперитив беше најпопуларен меѓу летните коктели како што се сончевиот и морскиот синоним Aperol Spritz, но во последните неколку години, тој својата популарност ја има во текот на целата година. 

За разлика од класичниот Aperol Spritz, кој се подготвува со Prosecco, топлата верзија доаѓа во комбинација со бело вино како основа, а зимските вкусови се постигнуваат со класиците на студената сезона – цимет и каранфилче. 

Овој вкусен, топол пијалок можете лесно да го подготвите дома.

Рецепт за топол Аперол 

100 мл Аперол 

200 мл бело вино 

150 мл сок од портокал 

1 лажица мед или јаворов сируп (по избор) 

1 стапче цимет 

2-3 парчиња портокал 

каранфилче за дополнителна зачинета нота 

Во тенџере истурете бело вино и Аперол и додадете го сокот од портокал. По желба додадете мед за посладок вкус и зачини како цимет и каранфилче или парчиња портокал. Загрејте ја смесата на тивок оган, внимавајќи да не зоврие. Кога ќе се загрее, истурете во чаша и украсете со парче портокал и стапче цимет. Доколку сте љубител на Аперол, но и ако сакате горчливо-слатки комбинации со ноти од цитрус, ова е топлиот пијалок кој ќе ве освои.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни