Заборавете на неуспешни обиди: совршено поширано јајце за само 60 секунди

Совршено поширано јајце на препечен тост со путер е омилен појадок за многумина – вкусен, здрав и едноставен.

Но, во пракса, подготовката често знае да тргне наопаку: јајцето се распаѓа во водата или белката се оштетува при вадењето, што може да го расипе утрото.

Британскиот готвач Том Кериџ открива трик кој овозможува да направите совршено поширано јајце за само една минута, без стрес и без грешки.

Трикот на познатиот шеф

Во подкастот “We’re Not Getting Any Younger”, Кериџ објаснува дека клучот е во подготовката на водата пред да зоврие. Со помош на лажица се создава нежен вител, кој ќе помогне јајцето да ја задржи формата.

„Во мала шолја за кафе додајте неколку капки бел вински оцет или дестилиран јаболков оцет, потоа разбијте го јајцето внатре. Потоа внимателно истурете го во водата што се врти – тоа ќе му помогне да остане цело,“ објаснува готвачот.

Оваа техника гарантира дека јајцето ќе биде совршено меко одвнатре и компактно однадвор, готово за само 60 секунди.

Со овој трик, поширањето конечно станува лесно – без расфрлани белки, без фрустрации, и со резултат достоен за професионален ресторан.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни