Раните 1900-ти беа ера на јаглен и железо. Индустријата беше бучна и екстремно загадувачка, исфрлајќи го чадот од согорувањето на јаглен надалеку и нашироко.
Во Филаделфија, една од кошниците на индустријата на источниот брег на САД, работите веќе станаа неподносливи. Во 1904 година, околу 50 години пред Законот за загадување на воздухот во земјата од 1955 година, администраторите на градот создадоа сопствена регулатива за почист воздух. Го ограничи количеството чад кое се испушта од оџаците и ги казнуваше со парични казни оние кои ги надминуваа границите.
На овој свет дојде американски пронаоѓач со едноставен план – да ја искористи топлината на Сонцето за да може да се користи за напојување на машините. Потребен е повеќе од еден век за идеи како неговите да постигнат интерес кај големата маса. Технологијата што ќе помогне да се поттикне оваа пресвртна точка можеби тргнува во 1980-тите, но приказната за потрагата на Френк Шуман да ја искористи моќта на Сонцето покажува дека семето било посеано многу порано.
Во 1890-тите, Шуман измислил метод за зајакнување на стаклото со вградување жици во него. Таквото стакло беше поотпорно на оган и исто така не се распрснување кога пукаше. Тоа го привлече интересот на институциите како што се училиштата и затворите. Шуман, кој ја започна својата кариера во Вирџинија, потоа отиде да работи во фабриката за метална обработка на неговиот вујко во Филаделфија. Во тоа време фабриката лиеше статуа на основачот на Пенсилванија, Вилијам Пен, и требаше да најде начин да ја обложи со алуминиум за да ја заштити од загадениот воздух, високо над Градското собрание. Во исто време, тој основаше компанија која го продаваше неговиот патентиран „Safe-tee Glass“.
Умешен пронаоѓач, Шуман долго време бил заинтригиран од концептот за користење природни извори за создавање електрична енергија. „Шуман беше свесен за секогаш присутната непријатност на чадот од јаглен“, изјави Доерти за Би-Би-Си. „Во промотивната литература за неговиот соларен мотор со директно дејство, тој тврдеше дека нуспроизвод од неговата технологија е чист воздух во градовите.
Во 1906 година, Шуман почнал да работи во комплекс што го изградил во својот дом во североисточното предградие Такони, Филаделфија, за да создаде мотор напојуван од сончевите зраци. Рефлектори беа поставени околу изолирани кутии, кои ротираа како рефлекторите би го следеле патот на Сонцето во текот на денот. Сончевите зраци беа насочени кон сад со вода што се чуваше во вакуум за да се намали нејзината точка на вриење, која беше поврзана со парна машина со низок притисок. До 1910 година, Шуман го усовршил концептот до точка каде што можел да управува со мала играчка воз која се движела со помош на испаруван етер.
Во 1913 година, Шуман отпатува во Египет за да ја демонстрира својата технологија
Додека Шуман работеше на неговиот „Сончев мотор“, друг американски пронаоѓач – Обри Енеас – создаде џиновски метален соларен мотор. Тој беше обложен со речиси 1.800 огледала, а неговата ширина достигнуваше до 10 метри. Тој се користеше на фарма за ноеви во Калифорнија во 1906 година. Со енергијата што ја создаваше работеше пумпата за наводнување на земјиштето, но на крајот се покажало дека тој концепт е премногу скап.
Вестите за проектите на Суман патуваа, па се до Египет, кој тогаш беше под воена окупација од страна на Британската империја. Египет имаше огромни полиња со памук, но нивното рачно наводнување беше макотрпен процес, а користењето мотори на јаглен не беше исплатливо. „Шуман им се додворуваше на британските капиталисти да инвестираат во неговата соларна низа како начин да ги намалат трошоците за јаглен“, вели Догерти.
Во 1913 година, Шуман отпатува во Египет за да ја демонстрира својата технологија. Сите мажи и жени кои поминуваа се чудеа на долгите, светкави редови огледала во облик на корито, кои ја концентрираат сончевата светлина на котлите од леано железо. Загреана на само 200 F (93C), водата во котлите се претвораше во пареа, со низок притисок, и го придвижуваше специјално дизајнираниот мотор со 75 коњски сили, испумпувајќи вода од Нил.
Меѓу многумината кои го видеа тоа технолошко достигнување беше и лордот Киченер, британскиот воен водач кој го стави Судан под контрола на Британската империја во 1890-тите. За Киченер оваа иновација била можност за инфраструктурно подобрување на Египет. Тој му понудил на Шуман плантажа со памук од 30.000 хектари во Судан за да го повтори својот изум. Меѓутоа, пронајдокот на Шуман набрзо добил двоен удар – доаѓањето на Првата светска војна и откривањето на евтина нафта на Блискиот Исток и на други места. Сето тоа резултирање моторот да не е веќе привлечен за широка употреба, а на тоа влијаеше и неговата сложеност за поставување. Сепак, Шуман на својот иновативен метод гледаше на долг рок, односно веруваше дека еден ден со ваков метод ќе се намалат големите емисии од штетни гасови.
Повеќе од еден век по експериментите на Шуман, се чини дека светот конечно го достигна производството на електрична енергија која не загадува, користејќи го Сонцето. Денеска во Египет постои една од најголемите, четврта во светот, соларна централа. Таа е лоцирана на околу 40 километри северо-западно од браната Асван. Соларниот парк Бенбан зафаќа повеќе од 37 квадратни километри и е толку голем што може да се види од вселената – соодветно преголем доказ за визијата на Шуман за искористување на моќта на Сонцето.
Извор: bbc.com