Станува збор за коприва, билка која расте речиси насекаде и е вистинска нутритивна ризница. Таа содржи повеќе железо од спанаќ, леќа, па дури и од некои видови месо, а богата е и со витамини C, A и K.
Моќна и потценета билка
Копривата (Urtica dioica) е позната по тоа што „печe“ при допир, но помалку се знае дека е вистинска суперхрана. Во 100 грама свежа коприва има и до 41 милиграм железо – повеќекратно повеќе отколку во иста количина црвено месо, кое содржи околу 2,5 до 3 милиграми.
Покрај железо, таа е богата со калциум, магнезиум, калиум, флавоноиди и хлорофил, а со векови се користи во народната медицина. Делува против воспаленија, го поттикнува прочистувањето на организмот и ја поддржува работата на црниот дроб. Особено е корисна за луѓе со анемија, слаба циркулација, замор или недостиг на енергија.
Како да ја користите во кујната
Највкусна е младата пролетна коприва, но може да се бере и во есен, сè додека листовите се свежи и зелени. Може да се најде на чисти ливади, шумски предели или на пазари, каде сè почесто се продава како здрава храна.
Во кујната се користи слично како спанаќ – одлична е во супи, чорби, рижота, пита, тестенини или како фил за зелник. Може да се додаде и во смеса за ќофтиња, солени палачинки или сосови.
Од сушена коприва се подготвува чај кој го зајакнува имунитетот и го прочистува организмот – едноставен, природен и моќен сојузник за здравје.
Извор:Index.hr