Забележана црна дупка која не настанала со голема експлозија

Научниците обично веруваат дека црните дупки, многу густите вселенски објекти чија гравитација е толку голема што дури ни светлината не може да избега, се создадени од силната експлозија на огромна ѕвезда што умира или супернова. Сепак, некои може да се појават на поинаков начин.
Фото: Илустрација

Научниците идентификуваа црна дупка која се чини дека е создадена со колапс на јадрото на голема ѕвезда што умира, но без вообичаената експлозија. Беше забележано дека е гравитациски врзана за две обични ѕвезди.

Астрономите ги идентификуваа црните дупки во т.н бинарни системи со друга ѕвезда или црна дупка.

Но, ова е првиот потврден пример на троен систем на црна дупка и две ѕвезди.

Системот се наоѓа на речиси 7.800 светлосни години од Земјата во соѕвездието Лебед.

Црната дупка, наречена V404 Cygni, беше детално проучувана откако беше потврдена во 1992 година. Претходно се веруваше дека орбитира со само една друга ѕвезда, но податоците од Европската вселенска агенција покажуваат дека има две придружнички.

Научниците рекоа дека црната дупка, која се проценува дека има маса девет пати поголема од Сонцето, моментално проголтува придружник, ѕвезда со големина од 70 отсто од масата на Сонцето.

Ѕвездата орбитира околу црната дупка на секои шест и пол дена на растојание од една седмина од растојанието на Земјата од Сонцето.

Црната дупка цица материјал од таа ѕвезда, која е во фаза на црвен џин.

Научниците откриле уште една ѕвезда, чија маса е 1,2 соларни маси, која е гравитациски врзана за двата објекти, но доста далеку, орбитирајќи околу нив на секои 70.000 години на растојание 3.500 пати поголемо од растојанието на Земјата од Сонцето.

Причината зошто научниците веруваат дека црната дупка настанала со благ процес е едноставна. Тројниот систем би се срушил доколку ѕвездата што станала црна дупка експлодира.

„Овие настани ги нарекуваме ‘неуспешна супернова’. Во суштина, гравитацискиот колапс се случува пребрзо за да стане супернова и наместо тоа имате имплозија, која звучи супер драматично и страшно, но е „нежна“ во смисла дека нема материја што се исфрла“ рече астрономот од МИТ Кевин Бурџ, главен автор на студијата чиј резултатите беа објавени во списанието Nature.

Научниците процениле дека членовите на овој троен систем се формирале пред околу 4 милијарди години како обични ѕвезди.

Тој систем можеби нема засекогаш да има три члена со оглед на тоа дека црната дупка го голта најблискиот сосед.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни