За три години можно е да го имаме првиот ден без воопшто мраз на Северниот пол

Ледената покривка на Арктикот би можела да падне под клучната граница, а до 2027 година можно е да го имаме првиот ден воопшто без мраз на Северниот пол. Научниците предупредуваат дека и доколку тоа не се случи во следниве три години, а таквото сценарио сигурно ќе стане реалност во следните 20 години.
Фото: Roxanne Desgagnés roxannedesgagnes, CC0, via Wikimedia Commons

Мразот на морето на Северниот пол се топи со невидена брзина – повеќе од 12 проценти секоја година, што значи дека се движиме кон целосно исчезнување на мразот во некои делови од годината.

„Застрашувачка пресвртна точка за планетата“ најверојатно ќе се случи помеѓу следните девет и 20 години, без оглед на тоа дали човештвото ги намалува емисиите, се вели во новата студија објавена во списанието Nature Communications.

„Првиот ден без мраз на Арктикот нема многу да ги промени работите, но тоа е показател дека сме ја промениле една од најпрепознатливите природни средини на планетата, а тоа е дека океанот е покриен со мраз и снег во текот на целата година. “, вели Александра Џан, климатолог на Универзитетот во Колорадо Болдер.

Секоја година, состојбата на морскиот мраз се следи преку сателити, кои ја читаат и прегледуваат состојбата од 1979 година. Морскиот мраз игра клучна улога во регулирањето на температурата на океанот и воздухот, ги одржува живеалиштата и им овозможува на моќните океански струи да пренесуваат топлина и хранливи материи низ светот.

Површината на морскиот мраз ја рефлектира и сончевата енергија, што значително го намалува затоплувањето на планетата. Меѓутоа, овој ефект може да оди и во спротивна насока – кога мразот се топи, под него остануваат темни води, кои апсорбираат повеќе сончева светлина.

Накратко, ова значи дека како што планетата се загрева, Арктикот наместо фрижидер станува радијатор кој сега се загрева четири пати побрзо од другите делови на светот.

Брзото затоплување имаше драстични последици. Најсеверната ледена површина, која помеѓу 1979 и 1992 година се протегала на 6,85 милиони квадратни километри, оваа година паднала на 4,28 милиони квадратни километри.

Користејќи 11 климатски модели и 366 симулации на нив, истражувачите зад студијата утврдија дека ден без мраз на Северниот пол би можел да дојде најрано за три до шест години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни