Доналд Трамп, денеска повтори дека е „прилично јасно“ дека Уставот на САД не му дозволува да се кандидира и за трет претседателски мандат, додавајќи дека е „тажно и штета што е така“.
– Врз основа на она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи – рече Трамп пред новинарите во авионотна пат за Јужна Кореја, каде што ќе присуствува на регионален самит.
Трамп наведе дека е на највисоко ниво во анкетите и оти е штета што не му е дозволено повторно да се кандидира.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја отфрли можноста за трет мандат на Трамп, нагласувајќи дека секоја промена на Уставот би била можна дури откако Трамп ќе ја напушти функцијата.
Трамп и претходно зборуваше за трет мандат, а во Овалниот кабинет се изложени капи со неговото име за 2028 година. Шпекулациите беа дополнително поттикнати во интервјуто со Стив Бенон, поранешен советник и инфлуенсер на МАГА („Да ја направиме Америка повторно голема“), кој тврдеше дека „постои план“ за трет мандат, што некои функционери на Белата куќа го оценија како обид на Бенон да привлече внимание.
Трамп на чело на САД по втор пат беше инаугириран во јануари годинава, а неговиот мандат трае до јануари 2029 година.