Принцезата од Велс не се кае што потрошила огромна сума пари за стилизирање
Сосема е очекувано дека нејзината гардероба и додатоци чинат многу, но овој пат нејзиниот избор предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Кејт Мидлтон ја организираше годишната божиќна служба „Заедно на Божиќ“, а како и секогаш, ѝ се придружија принцот Вилијам и нивните деца: Џорџ (12), Шарлот (10) и Луис (7).

„Дрво на поврзување“
Оваа година, гостите беа поканети да закачат хартиени линкови со нивните имиња на елката, симболично наречена „Дрво на поврзување“, со цел да се нагласи важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка. Децата на принцот и принцезата од Велс ги додадоа своите црвени картички со имиња, а потоа семејството влезе во опатијата каде што започна церемонијата што траеше еден час.

За оваа пригода, Кејт избра комбинација во кралска зелена нијанса.
Долгиот капутА го комбинираше со чизми со зашилена потпетица изработени од превртена кожа. Палтото беше украсено со луксузно крзно во малку потемна нијанса, но додатоците беа она што предизвика најголемо внимание. Всушност, еден додаток.
Ова се обетки направени за неа од „Робинсон Пелам“, истите златари кои го изработија нејзиниот свадбен накит со принцот Вилијам.
Моделот „Царска ѕвезда“ вреди дури 11.195 фунти и е препознатлив по своите елегантни осумки во форма на ѕвезда.

„Се чини дека скромната војвотка не е толку скромна“, „Таа потроши толку многу пари, а тоа не се забележува“, се само некои од коментарите.
