За смртта на Метју Пери ќе бидат обвинети повеќе луѓе

Фото: Policy Exchange/Flickr

Популарниот актер Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, починал како последица на консумирање кетамин. Кетаминот не му бил препишан од лекар, па полициската истрага се обидува да дознае кој му набавил кетамит на Пери во опасни дози.

Тие кои на глумецот му го дале фаталниот кетамин би можеле да добијат затворски казни до четири години, вели адвокатот Тре Ловел за „The Sun“.

Кога Метју Пери бил пронајден во хидромасажна када, тој веќе бил мртов, а според обдукцијата, смртта настанала поради кетамин и давање. Во моментот на смртта, тој имал исто ниво на кетамин во крвта како и пациент под анестезија.

Актерот со години отворено говореше за својата завиност, одеше на лечње против депресија, а во текот на лечењето добивал кетамин препишан од лекар.

Последен пат бил на терапија повеќе од седум дена пред смртта, а оваа врста на лек го напушта организмот неколку часа по консумирањето. Полицијата од Лос Анџелес истражува од кого актерот ја набавил дрогата, која на крајот му пресудила.

Иако неговата смрт се смета дека настанала како сплет на несреќни околности, сепак ќе биде подигнато обвинение.

Извори од полицијата наведуваат дека истрагата е при крај и дека би можело да бидат обвинети повеќе луѓе.

„Доаѓаат обвиненијата. Оваа истрага трае подолго време и веројатно намерно излегуваат информации“ вели адвокатот Тре.

Извор: Нет.хр

Најново

Последни колумни