За победата на Трамп, виновен е Џорџ Клуни?

Корисниците на социјалните мрежи го прозваа актерот Џорџ Клуни за поразот на Камала, затоа што го повикал Бајден да се откаже. Тие го нападнаа актерот затоа што летово тој гласно го кажа она што многумина го мислеа и со тоа ја ставил Камала Харис во неблагодарна ситуација да се бори со Доналд Трамп, неподготвена. 

Штом помина шокот од убедливата победа на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, демократите бараат жртвено јагне. 

Се испостави дека го најдоа – Џорџ Клуни! Додека социјалните мрежи деновиве „горат“ со прославата на поддржувачите на Доналд Трамп, се повеќе се коментарите дека и на Клуни треба да му се оддаде признае за „улогата“ која ја одигра во победата на Трамп.

Причината поради која Клуни е „виновен“ е неговата необична иницијатива во јули оваа година. 

Да потсетиме, актерот до јуни за реизбор на актуелниот претседател Џо Бајден, инкасираше 30 милиони долари, а потоа следеше катастрофалната дебата меѓу 81-годишниот претседател и противкандидатите. Импресиониран од неуспешниот обид на Бајден да се спротивстави на реториката на Трамп, Клуни напиша авторски текст за Њујорк Тајмс објавен на 10 јули. Тој во него нагласи дека го сака Џо Бајден, но додаде и дека 

„со овој претседател нема да победиме во ноември“. 

Познато е дека американскиот актер, режисер, сценарист и продуцент со години несебично ги поддржува демократите, постојано ги следи настаните на американската политичка сцена и не ја закопува „главата во песок“ поради не толку гламурозното секојдневие, на помалку богати и привилегирани сограѓани. 

По претседателските избори на кои републиканците ги победија демократите, тој се соочи не само со „благодарноста“ на гласачите на Трамп, туку и со низа критики од редовите на демократите. Тие му замеруваат затоа што во текстот (во кој го кажа она што многумина го мислат) се вклучи во одлуката на Бајден да се повлече од трката на 21 јули. 

Неговата вина била дека ја ставил Камала Харис во неблагодарна ситуација да се обиде да го победи Трамп во значително пократка кампања од 107 дена. 

Пример за ова се објавите на група политички коментатори наклонети кон демократите на X: 

“Некој нека го доведе Џорџ Клуни. Треба да разговараме”. На истата платформа (на Маск) се јавија и разочараните гласачи на Камала Харис: „Бидејќи сум во длабока депресија и би сакал да ја извадам на некого, каков план има сега Џорџ Клуни?!“, објави еден корисник. . Друг едноставно напиша: „За сè е крив Џорџ Клуни!“ Некои објавија скриншот од текстот на актерот за The New York Times и иронично додадоа: „Ви благодарам“. Не недостигаат корисници на X кои напишаа дека Доналд Трамп не треба да заборави да им се заблагодари на холивудските ѕвезди, особено на Џорџ Клуни. 

Да потсетиме, Камала Харис ја поддржаа: Тејлор Свифт, Џулија Робертс, Бијонсе, Брус Спрингстин, Вил Ферел, дури и Арнолд Шварценегер, додека зад републиканскиот кандидат стоеја: Илон Маск, Кање Вест, Хулк Хоган и Мел Гибсон. 

Рекламите во кои холивудските сојузници на Камала ги повикуваа жените да гласаат за демократскиот кандидат и тоа да го преќутат пред својот сопруг (во случај тоа да е проблем, што не би требало да биде) изгледаа иритирачки. 

Со слична реакција не помина ниту огласот во кој маж чиј изглед наликува на  rednecka – црвен врат (американскиот термин за „сељак“) во кој се повикува да демантира дека гласал за Камала со своите „плаќања“, пишува Дејли Меил. 

Трезвените медиумски аналитичари пишуваат дека Бајден требало да се пензионира долго пред катастрофалниот настап во дебатата, што би и дало повеќе време на Камала да се наметне или, пак,  да се направат темелни прелиминарни избори за да може да се избере посилен кандидат. 

Професор на Универзитетот во Њујорк, Лоренс Ф. Маслон, ја коментираше улогата на познатите личности во поразот на демократите: 

„Мислам дека нивните одобрувања веројатно имале повеќе корист за себе отколку за личноста што ја поддржувале“. 

Професорка на Државниот универзитет во Аризона, Маргарета Бентли, го  даде следното свое мислење: 

„Во академската литература, истражувањата покажаа дека иако поддршката на славните личности може да го зголеми граѓанскиот ангажман и регистрацијата на гласачите, не е докажано дека имаат директно влијание врз тоа како гласаат луѓето. Гласачите можеби ќе ги охрабрат да направат повеќе истражување за тоа што се залага славната личност, но тие ќе одлучат врз основа на нивните сопствени вредности, а не на вредностите на славната личност“, рече таа во изјавата што ја објави Ројтерс. 

Упатените во Вашингтон веруваат дека поранешната демократска претседателка на Долниот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, вмешала прсти, во серија одлуки што довеле до пораз на демократскиот кандидат. 

(Републиканската партија ја освои контролата врз горниот дом на Американскиот Конгрес, а ако го освојат и во Долниот дом, Трамп би можел да има несомнена моќ).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни