За првпат снимена двојна супернова – ѕвезда уништена за само две секунди

Астрономите за првпат успеале да документираат редок космички феномен – двојна експлозија на супернова, која целосно уништила бел џуџест ѕвезда за само две секунди.

Овој редок настан е забележан со помош на Многу Големиот Телескоп на Европската Јужна Опсерваторија во Чиле, и претставува прв визуелен доказ за таканаречената „двојна детонација“ кај супернови од типот Ia.

Што е двојна супернова?

Вообичаено, суперновите настануваат кога масивна ѕвезда (повеќе од осум пати помасивна од Сонцето) го троши своето нуклеарно гориво и се урива, предизвикувајќи силна експлозија.

Но, кај суперновите од типот Ia, кои се поретки, експлодира бел џуџест ѕвезда – остатоци од ѕвезда со големина приближна на Сонцето, кои веќе завршиле со активен живот.

Во конкретниот случај, белото џуџе се наоѓало на околу 160.000 светлосни години од Земјата, во правец на соѕвездието Дорадо, во соседната галаксија Голем Магеланов Облак

Како настанува двојната детонација?

Во бинарен ѕвезден систем (два блиски објекти што кружат еден околу друг), белото џуџе со својата гравитација привлекува хелиум од ѕвезда-пратител.

Кога доволно хелиум се наталожува на површината, се создава првата детонација. Таа предизвикува ударен бран што ја компресира внатрешноста на ѕвездата и предизвикува втора, разорна експлозија – која ја уништува целата ѕвезда.

„Не останува ништо. Белото џуџе е целосно уништено“, изјави Пријам Дас, доктор по астрофизика од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Канбера и главен автор на студијата објавена во Nature Astronomy.

Прв директен доказ: две школки калциум

Астрономите користеле инструмент MUSE (Multi-Unit Spectroscopic Explorer) за да ја мапираат хемиската композиција по експлозијата. Резултатите покажуваат две концентрични обвивки од калциум – надворешната предизвикана од првата експлозија, а внатрешната од втората.

„Ова е недвосмислен доказ за механизмот на двојна детонација. Може да го наречеме ‘форензичка астрономија’ – истражуваме мртви ѕвезди за да откриеме како умреле“, додава Дас.

Судбината на повеќето ѕвезди

Ѕвезди до осум пати помасивни од Сонцето на крајот го трошат водородот, се претвораат во црвени џинови и завршуваат како бели џуџиња. Најчесто не експлодираат – но ретко, како во овој случај, доаѓа до неверојатен крај.

Суперновите тип Ia имаат клучна улога во космичката хемија – тие се одговорни за создавање на елементи како калциум, сулфур и железо, неопходни за животот каков што го познаваме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни