По долготрајни физички или ментални оптоварувања, имуниот и нервниот систем страдаат, а организмот слабее. А што можеме да кажеме за состојбата по болест или операција во т.н. период на закрепнување, кога падот на силата е забележлив речиси секогаш.
На располагање ви се популарните руски народни рецепти за закрепнување на организмот и подобрување на енергијата.
Шипка
Одвар: две лажици суви плодови прелејте со шолја врела вода. Десет минути варете на тивок оган, па оставите да отстои 30 минути (или 24 часа). Пијте по третина или половина чаша два-три пати дневно по јадење. Чувајте го во добро затворен сад најмногу 48 часа.
Медот од шипка го нарекуваат еликсир на младоста. Тој ја обновува енергијата и ја зголемува отпорноста на организмот на болести. Триста грама ливчиња од шипка измијте со превриена ладна вода и наредете ги во тегла во слоеви. Секој слој прелејте го со цветен мед, поклопете ја теглата и ставете ја во фрижидер еден месец. Консумирајте го трипати дневно, по едно лажиче со чај. Третманот трае околу еден месец. Можете да додадете ливчиња од јаболко, од тоа само ќе се подобри квалитетот на медот. Медот од шипка може да се направи и од плодовите од шипка – претходно исчистете ги од семките и ситно сомелете ги. Измешајте ги со мед во сооднос 1 : 1 и оставете го тоа да отстои еден месец.

Алое
Половина чаша иситнети ливчиња измешајте со чаша шеќер и оставете го на темно место три дена. Потоа додајте три чаши црно вино и повторно оставете го да отстои 24 часа на темно место. Земајте по една лажица два-три пати дневно пред јадење.
Кантарион
Една лажица тревки прелејте со 250 мл зовриена вода и оставете да отстои десет минути. Пијте по четврт чаша трипати дневно. За подобар вкус можете да додадете мед. Третманот трае две недели.
Целер
Ја подобрува умствената и физичката активност и брзо го подига тонусот на организмот. Две лажици исечкан корен прелејте со 200 мл ладна вода, оставете да отстои два часа на собна температура и земајте неколкупати во текот на денот.
Глуварче
Особено е корисно за слабите и анемичните болни. Цветови прелејте со вода во сооднос 1 : 9, па во тоа додајте две-три парчиња лимон без кора. Варете го 40–50 минута, исцедете го, сипете килограм шеќер и варете уште час – час и половина.
Извор: lepotaizdravje.rs