Во периодот јануари-август регистрирани се 961 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 138, тешко се повредени 149, а полесно двојно повеќе. Во истиот период минатата година, се регистрирани 1.086 несреќи, со 100 жртви и 131 тешко повредени.
Меѓу главните причини за сериозни несреќи се возење над дозволената брзина, погрешното престигнување и употребата на мобилен телефон или алкохол и дрога при возење.
Додава дека билансот со 138 жртви од сообраќајни несреќи треба да послужи како аларм за властите, но и за секој возач и учесник во сообраќајот да ги гледа патиштата не само како асфалт и семафори, туку како терен каде што мора да се движите почитувајќи ги прописите и правила.